Противпожарни апарати

Аеросолни
противпожарни
технологии

Аеросол е хетерогена мешавина на тврди и/или течни суспендирани честички и воздух. Аеросол од тврди и гасовидни честички се создава со согорување на цврстите честички што ги има во генераторот. Однесувањето на аеросолите секогаш зависи од честичките, носечкиот гас и параметрите на околината. Воздушните честички се нарекуваат аерсолни честички и се со големи од околу 1μm.
Тоа што аеросолите можат да се транспортираат заедно со гасови подолг временски период е поради фактот што колку дијаметрите сѐ повеќе се намалуваат, така тие сѐ повеќе стануваат како молекули на гас. 

Реалниот агент за гаснење е калиум хидрокарбонат. Истиот се разложува на само околу 50°C а водата и јаглерод диоксидот се одвојуваат. Ова произведува калиум карбонат.

Физиолошки, калиум карбонатот е безопасен и исто така, го има и во адитивот Е501 во храната.

Генераторите на аеросоли се разликуваат од сличните производи во тоа што специјалните цврсти соединенија се користат за нивно производство со што се произведува помала количина на цврста воздушна материја во аеросолите за гаснење пожар.

Втората посебна карактеристика на аеросолите за гаснење пожар е нивната ниска отровност. Овие карактеристики овозможуваат да се намалат на минимално ниво негативните ефекти врз луѓето и објектите при гаснењето пожар.

Инхалацијата на противпожарни аеросоли не доведува до труење (труење со инхалација)

Промената во атмосферата со аеросоли не предизивкува губење на свеста или гушење

Аеросолите за гаснење пожар овозможуваат повеќе време за евакуација на луѓе


Противпожарните генератори со аеросол може да се употребуваат за гаснење пожари во затворени простории согласно класификациите А, Б, Ц и Ф. Генераторите за гаснење пожари се соодветни за користење до 35KVA (електрични инсталации)


Aerosol dispersion
Aerosol temperature
  • Аеросол противпожарните системи се идеално погодни за заштита:
  • Разводна табла, опрема за електрани, лајсни за кабли, транформатори, дистрибутери
  • Сервер соби и системи за поцесирање податоци, телефонски, мобилни и трансмисиски станици
  • Простории со машинерија на бродови и пловни објекти
  • Архиви, библиотеки и магацини за уметнички дела
  • Секакви видови на складишта, вклучително и складишта за индустриски масла, храна и градежни материјали
  • Гаражи и паркинзи за автомобили
  • Различни производствени фабрики за тешки, лесни, хемиски, прехранбени и фармацевтски индустрии
  • Противпожарните системи Пион се соодветни за заштита од:
  • Простори со мотори (возила, автобуси, камиони, дигалки, бродови итн.), како и какви било слични предмети кои се наоѓаат во тешко достапни зони.

ЈАСНИ ПРЕДНОСТИ

Лесна инсталација
​Лесно одржување
​Не зафаќаат многу простор

Нетоксични

​Противпожарен агент во цврста состојба
Употреба на материјали, неоргански хемикалии

Економичен

Нема штети од противпожарниот агент
​Многу низок трошок во случај на лажен аларм
​Лесни за чистење

Безбедност

Висока оперативна безбедност​
Не го оштетуваат озонот​

Лесна интеграција

Може да се интегрираат во постоечките мониторинг мрежи
Лесни за интегрирање во постоечките простории

CAT
CHTPZ
ALROSA
Mechel
Lukoil
Metafax
NLMK
UVZ

Made with ‌

No Code Website Builder