Помагало за растенија

Помагало за растенија

Минералното комплексно аеросол помагало за растенија е решение на предизвикот за ефикасно задоволување на потребите на растенијата, при тоа обезбедувајќи зголемување на продуктивноста и истовремено намалување на количината на вештачки ѓубрива што се додаваат во почвата. Ние ја користиме можноста да им ја обезбедиме на растенијата целоснaта храна која им е потребна, без намалување на нивната продуктивност. Ова се постигнува со изложување на елементот гас од аеросолот т.е. минералното комплексно аеросол помагало за растенија стигнува до растенијата при запалувањето на минералната комплексна таблета која содржи сет од макро и микро елементи. Токму изложувањето на растението на елементот чад од аеролот е она што обезбедува целосна исхрана за растенијата.

Principle

Принцип

Супстанци и со големина до 10μm можат да навлезат во листот преку клеточниот ѕид и клеточните мембрани, како и преку заштитните клетки и може директно да се процесираат.

Помагалото за растенија ДС-1 произведува аеросол (мешавина од воздух и цврсти чесички) збогатено со минерали чија големина е 10nm.

​Оваа мешавина од воздух и минерали го следи примерот на чадот од вулканите и ги снабдува растенијата подобро од кое било вештачко ѓубриво.

Element transportation in plants
DS1

Помагалото за растенија „ДС1“ го поттикнува порастот на растенијата во стаклените градини (стакло и фолија) на еколошки начин. Примената е можна како во приватни, така и во комерцијални стаклени градини и со сите видови на култури. Таблетата „ДС1“ се состои од специјално создадена мешавина на минерални соединенија, кои ослободуваат макро и микро елементи, како и јаглерод диоксид при нивното запалување. Ова ја намалува потребата од конвенционални вештачки ѓубрива и придонесува за подобрување на квалитетот на растенијата, цвеќињата и овошјата. Покрај ова, употребата на соединението може да создаде услови за спречување на развој на патогени микроорганизми.

DS1

Особено при одгледувањето на растенија, ја поттикнува жетвата на овошјето и го подобрува родот, како и времетраењето на бербата на овошје. Кај украсните растенија, поттикнува растење на расади и поинтензивно цутење на растенијата. Достапни се различни големина на апчиња за различни намени. Доколку е потребно, може да ви ги обезбедиме и уредите за автоматско палење на таблетите.

Изворни материјали на таблетите:

Варовен восок, борна киселина, молибденm кисел амониум, калиум перманганат, технички јаглен, двојно кристализиран фосфат, магнезиум карбонат.

Во составот на аеросолот по Палење на таблетите, на 1m³ гас:

Јаглерод диоксид – 0,3 g; макро и микроелементи– 0,485 g; бор – 0,005 g, бакар – 0,005 g; цинк – 0,005 g; калиум – 0,3 g; магнезиум – 0,11 g; Molybdän – 0,005 g; Mangan – 0,05 g; Phosphor - 0.0025g; Schwefel - 0.0025g.

Метод

 

Методот е заснован на употребата на листот како најголем орган на растението. Хранливите состојки се произведуваат во вид на јони кои може веднаш да се користат, достапни за растенијата каде им се потребни.

Примена

 

Наменети се за стаклени градини, кино сали и тунели, како и други затворени простори. За третирање на семе, исто така, во магацини за житни растенија и слично.

Интересни факти

 

Таблетите се состојат исклучиво од минерали кои исто така, се создаваат во прородата. Не се додаваат, ниту пак, се користат хемиски подготвени супстанци во производствениот процес.

Вести

 

Таблетите и понатаму се развиваат. Таргетираниот развој за индивидуални растенија (овошје, цвеќе итн.) може да се поддржи со додавање на индивидуални минерални состојки.

Дополнителни податоци за регулирањето на елементот ГАС во атмосферата на стаклените градини

Основната идеја на генераторот е да ги обезбеди растенијата со хранливи материи преку нивните стебла и лисја. Оваа идеја произлегува од основните истражувања и практичното искуство за користење на чадот на јаглеродната киселина за забрзување на растот на растенијата. Успешната формулација на високо енергетското цврсто гориво го трасира патот за дополнително развивање на идејата и синтетизира специјално минерално комплексно соединение дизајнирано за создавање контролирана атмосфера (контролиран чад елемент) во стаклените градини.


Овој комплекс е хетерогена мешавина на соли и гориво, при што се произведува аеросол кој содржи неоргански соединенија на калиум, бор, магнезиум, цинк, манган, молибден, бакар, јаглерод диоксид, азот и водена пареа. Техничко средство за производство на аеросол е генератор во кој аеросолот се произведува од цврсти материи пресирани од минералниот комплекс. Генерираниот аеросол го оптимизира составот на околината, која се карактеризира со концентрации на кислород, јаглеродна киселина и азот. Оптимизацијата на чад медиумот, заедно со температурата и релативната влажност, овозможува да се влијае на метаболичката активност на растенијата. Употребата на минералниот комплекс, исто така, може да создаде услови за одложен развој на патогени бактерии.


Предности на регулирањето на гас медиумот во споредба со традиционалните хранливи состојки за растенијата преку коренот:

Создавање аеросол со посебни параметри во фазата на гас и фазата на цврсти состојки

Интензивна размена на гасови на растенијата со аеросоли што резултира со пенетрација на солени честички со иста/пропорционална големина како нано честичките, во растенијата

Хаотично движење на наночестичките во гас аеросол медиумот што им дозволува да кондензираат на каква било површина

Драстично намалување на количината на минерални ѓубрива која традиционално се додава во коренскиот систем. Како резултат се додаваат само корегирани количини на ѓубриво

Процесот за контролирање на гас медиумот ја зголемува ефикасноста на производството

​Колективниот ефект со температура и режим на влага ја оптимизира метаболичката активност на зеленчукови култури, расадите и цвеќиња одгледувани во стаклена градина.

Предности:
• зголемување на цевчести плодници до 95%
• зголемување на продуктивноста на обработена земја до 20%
• порано созревање на овошје (до 10-12 дена)
• продолжување на сезоната на растење до 15-20 дена
• подобрување на вкусот на овошјето
• подобрување на отпорноста кон габични заболувања



Обработка пред сеење - Аеросол минералниот комплекс е во состојба да ја реши задачата за збогатување на семињата со сет макро и микро елементи. Обработката пред сеење со аеросол-минералниот комплекс се состои од третирање на семиња складирани во затворен простор со аеросол што содржи сет макро и микро елементи; аеросолот се произведува за време на горењето на компактната минерална таблета. Штом наночестичките ќе влезат во семињата, тие се распределуваат рамномерно, при тоа подобрувајќи ја својата клучна карактеристика – ‘ртење и енергија на ‘ртење.

Предности:
• зголемување на енергијата на ‘ртење и ‘ртењето до 30%
• семето ги задржува своите подобрени квалитети цела година и повеќе
• поунифициран развој на семето
• зголемена отпорност на растенијата кон габични болести

Created with ‌

HTML Website Generator